Студентскиот Парламент на УКИМ со порака до младите

 Вознемирени и загрижени од неколкудневните случувања на територијата на Република Македонија, а особено во градот Скопје, Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје упатува порака до младите да се насочат кон намалувањето на тензијата која се шири, да ги отфрлат насилството и физичките пресметки кои се главна тема оваа недела.

Конкурс за Студентски Правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Почитувани колеги во прилог го објавуваме Конкурсот за избор на Студентски Правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје во хуманитарна акција

Втора година по ред Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ реализираше хуманитарна акција за децата и младите со посебни потреби. Идејата на членовите на студенткиот парламент беше да подариме што е можно повеќе насмевки и среќа кај овие луѓе, па затоа и акцијата беше насловена „Подари и ти насмевка“.  
                                 
 

Почна изградбата на нови објекти за сместување во студентскиот дом „Стив Наумов“

На големо задоволство на студентите беа послушани барањата на Студентскиот Парламент упатени кон надлежните институции и поставени темелите на новите студентски бараки во населбата Стив Наумов.

 

 

СПУКМ во кампања STOP AIDS Festival под мотото Getting to zero

Втора година по ред Студентскиот Парламент се обидува да ја подигне свеста кај студентите како да се заштитат од ХИВ вирусот и од останатите Сексуално преносливи инфекции.

 

СПУКМ го реши проблемот со студентските кредити

 Денес во просториите на Студентскиот Парламент на УКИМ се одржа средба на студентите со Министерот за образование и наука Г-дин Панче Кралев. На средбата присуствуваа потесното раководство на Студентскиот парламент, претставници од студентските домови, како и студентскиот правобранител Г-дин Никола Главинче.

[Трибина]: Кој ја одржува етиката во универзитетската заедница?

 Дискусија за етичкиот кодекс на универзитетот и неговата практична примена

 
Приклучете се на дискусијата за задачите на академските институции во спроведувањето на правилата предвидени со етичките кодекси и нивната важност за почитување на правата на студентите на
17.11.2011 (четврток) во 12 часот на Економски факултет – Скопје, Амфитеатар 1.
 
На трибината ќе говорат:

Отворено писмо од студентите во Република Македонија до еврокомесарот Штефан Филе

Почитувани, Студентските Парламенти од Универизитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје; Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, денес испратија отворено писмо до еврокомесарот за проширување на Европската Комисија г-дин Штефан Филе.

 

 Почитуван г-дин Филе,

 

На почетокот, од името на македонските студенти, би сакале да ги изразиме нашите длабоки верувања во европските вредности, во демократијата, толеранцијата, почитување на културната разноликост и уважувањето на можностите за непречен развој на поединецот и нацијата.

Прифатени приговори од второстепената комисија за сместување во студентските домови (бруцоши)

 Почитувани колеги,

Во прилог ја имате листата на прифатени приговори од страна на второстепената комисија за сместување во студентските домови  од Министерството за образование и наука за студенти од прва година (бруцоши).

Прифатени приговори од второстепената комисија за сместување во студентските домови

Почитувани колеги,

Во прилог ја имате листата на прифатени приговори од страна на второстепената комисија за сместување во студентските домови  од Министерството за образование и наука.

Студентите кои ке се најдат на списокот ќе можат да се сместат во студентскиот дом кој им е понуден како опција на 13(вторник) и 14(среда) Септември од 9 до 14 часот.
Напомена: Студентскиот дом може да не се совпаѓа со истиот за кој сте аплицирале, туку може да биде понудена друга опција.

Syndicate content