Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје во хуманитарна акција

Втора година по ред Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ реализираше хуманитарна акција за децата и младите со посебни потреби. Идејата на членовите на студенткиот парламент беше да подариме што е можно повеќе насмевки и среќа кај овие луѓе, па затоа и акцијата беше насловена „Подари и ти насмевка“.  
                                 
 
Истата се состоеше во собирање на слатки подароци и облека, преку организирана забава во дискотеката Б2. Собраните производи и облека на 28. 12. 2011 ги однесовме во Заводот за рехабилитација на деца и младинци.
Огромна благодарност им изразуваме и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и „Витаминка“ – Прилеп кои донираа парични средства и производи од својот асортиман.
Задоволни сме и ние на успешноста на истата и уште посреќни сме што видовме толку искрени насмевки на лицата.
 
Ги замолуваме сите студенти кои се во можност својата облека која повеќе не ја носат, или други работи кои повеќе не ги користат да ги донираат во Заводот за рехабилитација на деца и младинци, а за возврат ќе добијат позитивна енергија и бескрајна благодарност од децата и вработените.