Биографија на Иван Живковски
Иван Живковски – роден на 22.01.1987 година во Скопје. Основното училиште го завршил во ОУ "11 Октомври" - Скопје. Средно образование во ДСЕПУ "Васил Антевски - Дрен". Од 2005 година е студент на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, (досегашен просек 9,2). Покрај правните студии, студент е и во втора година на политичките студии. Во текот на студирањето учествува во повеќе активности и семинари како на ниво на УКИМ така и на меѓународно ниво. Од 2005-2008 година е финалист на ораторките вечери на Правниот факултет. Во 2007 година е добитник на наградата бронзен цицерон, а во 2008 година е добитник на златен цицерон.
Со студентско движење се занимава од 2006 година, како член на ИО на Клубот на оратори и како активен член на ССУКМ.
Од февруари 2008 година до ноември 2009 година е претседател на Студентскиот парламент на Правниот факултет "Јустинијан Први".
Член е на повеќе органи на управување:
- oд 2007-2008 е член на Комисија за самоевалуација на УКИМ;
- oд 2008 – член на Наставно научниот совет на Правниот факултет "Јустинијан Први".
- oд 2008-2009 – член на Деканатската управа на Правниот факултет "Јустинијан Први".
- oд 2009 – претседател на Студентскиот парламент при УКИМ
- oд 2009 – член на ректорска управа на УКИМ
- од 2009 - член на комисијата за нормативна дејност на УКИМ
- од 2009 - член на интеруниверзитетската конференција на Република Македонија
- од 2010 - член на комитетот за подобрување на квалитетот на високото образование во Република Македонија
Има учествувано на повеќе семинари меѓу кои можат да се издвојат:
- 2008 – учество на семинар Интеграција на западен Балкан во ЕУ (Р.Србија)
- 2008 – учество на советување на студенти по право (Копаоник Р. Србија)
- 2008 – учество на семинар Корупција-болест на транзиција (Загреб, Р. Хрватска)
- 2009 – учество на семинар Почитувањето на меѓународното право (Москва).
- Во 2008 учествува со сопствен текст и режија на аматерската театарска претстава "Молба" на студентите од Правен факултет. (претставата освои награда на фестивалот Лица без Маски).
- Во 2009 – практикант во СЕП ( Февруари-Март)
- Март 2010 - учество на семинар Европски Студентски Самит - (Виена, Австрија)
- Maj 2010 - учество на семинар и Генерално Собрание на Европска Студентска Унија (Public funding and social dimension od higer education: investing into the future or borrowing from it (Мадрид, Шпанија)
- Октомври 2010 - учество на семинар и Генерално Собрание на Европска Студентска Унија (Quality assurance the ultimate toll?.( Израел).
Активно го говори Англискиот јазик

.png)







