Бесплатен идекс за секој студент на УКИМ
На последната седница на Претседателството на СПУКМ, одржана на 23.06.2011 година, беше донесена одлука за поднесување барање до Ректоратот на УКИМ, со која се бараше ослободување од финансиските трошоци за студентски индекси и легитимации. Оваа одлука е донесена со цел да им се излезе во пресрет на идните бруцоши како и обезбедување на подостапно студирање и подигнување на студентскиот стандард. Поднесеното барање беше разгледано од Ректорот и Ректорската управа на УКИМ и беше донесена одлуката бр.15-50 од 16.08.2011 год, Скопје со која примените кандидати во учебната 2011/2012 при запишувањето добиваат бесплатен индекс и студентска легитимација.
Студентскиот парламент го изразува своето задоволство, што ваквото барање беше земено во предвид и усвоено од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со што уште еднаш се потврдуваат заложбите на СПУКМ кои воедно се дел од програмата 2010/2012 година за подобрување на студентскиот стандард.

.png)







