Почна изградбата на нови објекти за сместување во студентскиот дом „Стив Наумов“

На големо задоволство на студентите беа послушани барањата на Студентскиот Парламент упатени кон надлежните институции и поставени темелите на новите студентски бараки во населбата Стив Наумов.

 

 

На свеченото поставување присуствуваше премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски, министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев, ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски како и Претседателот на Студентскиот парламент на УКИМ Иван Живковски.
Бараките ќе бидат со капацитет од 204 легла, распоредени во трикреветни соби со тоалет и за прв пат ќе се обезбедат капацитети и за лицата со посебни потреби. Тоа ќе бидат 6 еднокреветни соби, поврзани со посебни патеки до секоја соба. 
По ветување на премиерот во исчекување сме и на реконструција на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и бројни други проекти за подобрување на условите во кои живеат и работат студентите.