СПУКМ во кампања STOP AIDS Festival под мотото Getting to zero

Втора година по ред Студентскиот Парламент се обидува да ја подигне свеста кај студентите како да се заштитат од ХИВ вирусот и од останатите Сексуално преносливи инфекции.

 

Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, по повод Светскиот Ден  за борба против сидата, организираше кампања чија цел беше едукација на младите за тоа како да се заштитат од сексуално преносливи болести.
            
 
Идејата и целта за ваков пристап кон едукација беше за  младите да се информираат и едуцираат како да се заштитат, бидејќи само така младите ќе знаат кој е вистинскиот начин за превенција на сексуалните преносливи болести.
 
Настанот беше во организација на Сојузот на студенти по Медицина на Репбулика Македонија и Студентскиот Парламент на Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
 
Целата кампања вклучи целодневен настан, поделен во неколку делови. Првиот дел беше на кампусот на УКИМ, кампусот на медицинските науки и на кампусот на техничките науки, каде студенти волонтери, претходно обучени, имаа дирекна средба со студентите. На тој начин студентите беа запознаени како да се заштитат од СПИ и СИДАта, давајќи им едукативен материјал, презервативи и црвена панделка, која е заштитниот знак на 1 Декември - Светскиот Ден за борба против СИДАта.
 
                                 
 
Црвена панделка, презерватив и едукативен материјал добија и Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев, како и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје проф. Д-р Велимир Стојковски, кои го посетија настанот.
 
                                                     
 
Отворената трибина во просториите на ректоратот со Др. Милена Стевановиќ, беше следната активност во овој настан. На големо задоволство  и на студентите и на докторката трибината побуди голем интерес кај студентите, беа поставени голем број на прашања, на кои добија соодветен одговор.
 
                                  
 
Крајот на овој настан ќе биде во дискотеката 69, со вечерната забава наречена STOP AIDS FESTIVAL во клубот 69, на која повторно ќе биде делен едукативен и превентивен материјал.