СПУКМ го реши проблемот со студентските кредити
Постирано од aleksandar во Вторник, 22.11.2011 - 17:38
Денес во просториите на Студентскиот Парламент на УКИМ се одржа средба на студентите со Министерот за образование и наука Г-дин Панче Кралев. На средбата присуствуваа потесното раководство на Студентскиот парламент, претставници од студентските домови, како и студентскиот правобранител Г-дин Никола Главинче.
(1).jpg)
На големо задоволство на студентите се решија најголемите проблеми на студентите кои беа актуелни периодов.
Еден од нив е доцнењето на студентските кредити, за кои по барање на Студентскиот парламент, Министерот Г-дин Панче Кралев вети дека ќе бидат исплатени до крајот на наредната недела.
Уште една огромна придобивка за студентите е ветувањето на МОН дека деновиве ќе бидат удрени темелите на новите монтажни бараки, а ќе бидат затворени старите фамозни бараки познати како Медицинар, како и подобрување на условите во Студентскиот Дом „Гоце Делчев“.
По укажувањето на студентскиот правобранител на жалбите од студентите за начинот на продажбата на задолжителната литература, Министерот во соработка со Студентскиот Парламент договорија начелен план како набавувањето на книгите да се изведе во полза и на студентите и на професорите,на пример со пакет учебници по популарни цени кои на студентите ќе им бидат понудени на почетокот на годината и тие би ги плаќале на рати.
Се договорија и низа други теми, како да се овозможат стипендии за втор и трет циклус студии на некои факултети, како и финансиско поттикнување на најдобрите студенти.

.png)







