Програма на работа на СПУКИМ
1.Транспарентност на работата на СПУКМ
- редовно известување за работата и активностите на студентскиот парламент
- доследно почитување на законот за јавно информирање
2. Промоција на активно учество на студентите во креирање на високо-образовната политика
- зголемено учество на студентите во органите на управување
- организирање трибини и дебати за постоечките проблеми во високообразовниот процес
- зголемена соработка со студентскиот правобранител и промоција на функцијата Студентски правобранител
- промоција на проекти за спречување на мито, корупција и непотизам
- подобрување на соработката помеѓу студентските организации
- подобрување на меѓународната соработка на СПУКМ
3. Доследно имплементирање на Болоњнскиот процес
- Промоција на ЕКТ системот
- Развој на софтверско решение за електронска база на податоци и електронско поврзување на универзитетите
4. Подобрување на студентскиот стандард
- намалување на партиципацијата во државните квоти
- зголемување на државните квоти во согласност со интересот на студентите и потребите на пазарот на труд
- зголемување на студентските стипендии и кредити
- продолжување на активностите за реновирање на студентските домови
- изградба на нов студентски дом
- подобрување на квалитетот на услугите во студентските мензи и намалување на цените во студентските бифеа
- воведување на систем на студентски картички
5. Воведување на примарна здравствена заштита за студентите
- отворање на студентски амбуланти во сите студентски домови
- обезбедување квалитетни основни здравствени услуги за студентите
6. Воспоставување на студентски медиумски простор
- основање на ново студентско гласило - студентски весник
- повторно воспоставување на Студентско радио
- изработка на нова WEB страница на СПУКМ
7. Промоција на ИТ меѓу студентите
- Воведување на бесплатен интернет во сите студентски домови
- Обезбедување бесплатни ИТ обуки за студентите
8. Промоција на спортот меѓу студентите
- изградба на Универзитетска спортска сала
- понатамошна промоција на Македонски студентски игри
- повторно воспоставување на Универзиетска спортска лига
- воведување на Меѓу-универзитетски лиги
- стипендирање на студиите за најдобрите Македонски спортисти
9. Промоција на културата меѓу студентите
- Воспоставување на културни студентски денови
- Воспоставување на нова манифестација – Културно студентско лето
Почитувани колеги,
Ваш,
Иван Живковски – Медо
Претседател на СПУКМ
Посветеност, одговорност, одговорна работа, лојалност кон сите студенти. Оваа програма е програма која на сите студенти ќе им овозможи подобри услови во текот на нивното образование на вискообразовните институции во Република Македонија.
Основен приоритет на СПУКМ во следните години ќе биде приклучувањето во европските високообразовни текови. Ова пред се подразбира ориентираност на структурата и работата на високо-образовните институции кон потребите на студентот и неговата образовна надоградба.
Имајќи ги во предвид слабостите и недостатоците на сегашната состојба во високо-образовниот процес во Република Македонија, како и досегашните активности на СПУКМ, изработивме програма која ќе значително ке придонесе кон подобрување на целокупниот квалитет на високото образование, ќе го подигне студентскиот стандард, во исто време мобилизирајќи ги студентите за активно учество во овој процес.
Како резултат на заедничката работа предвидено е постигнување на следните цели:
1. Транспарентност нa работата на СПУКМ. Една од целите на СПУКМ е воведување на транспарентност и координација во работата со матичните парламенти на СПУКМ и нивните членови, кои се воедно и членови на СПУКМ, како и транспарентност во соработката со останатите невладини организации и здруженија кои работат во интерес на студентите. Ова подразбита транспарентност при изработка и исполнување на проектите, при организација на разни манифестации, семинари, трибини, апсолвентски екскурзии. За постигнување на оваа цел предвидено е организирање на редовни информативни сесии отворени за сите заинтересирани странки.
СПУКМ исто така ќе се залага за доследно применување на законот за јавно информирање во кој е предвиден карактерот на информациите јавно достапни за граѓаните на Република Македонија.
2. Промоција на активно учество на студентите во креирање на високо-образовната политика. Со цел овозможување на студентите самите да учествуваат во донесувањето одлуки во органите на Универзитетот СПУКМ ќе поднесе иницијатива за зголемување на учеството на студентите во органите на управување што ќе доведе до поголема информираност на студентите, рамноправност, како и можност самите да одлучуваат во носењето одлуки во органите на Универзитетот. Во согласност со демократските принципи и промоција на активно учество на студентите ќе бидат организирани трибини и дебати на кои ќе се разгледуваат горливите проблеми во високо-образовниот процес во Република Мкедонија. Оваа практика ќе допринесе решенијата за проблемите да произлезат од оние кои се дирекно засегнати – во овој случај студентите.
Согласно новиот статут на УКИМ од 2008 година функцијата Студентски правобранител како и во сите развиени демократски општества во светот им е доделена на студентите. Основната функција на Студентскиот правобранител е да ги брани правата на студентите доколку тие се повредени. Затоа СПУКМ предвидува унапредување на соработката со Студентскиот правобранител со цел да се овозможи остварување на сите студентски права загарантирани според законот на Република Македонија. За зајакнување на овој процес предвидена е промоција и зајакнување на довербата на функцијата Студентски правобранител.
Еден од најгорливите проблеми во високото образование во Република Македонија е присуството на мито и корупција во високо-образовните институции. Оваа програма предвидува активности со кои ќе се охрабрат сите студенти доколку наидат на вакви проблеми да ги пријават до сите надлежни инситуции а се со цел да се намалат и елиминираат ваквите појави, што генерално би водело кон поквалитетен образовен процес.
За остварување на горенаведените цели потребна е поголема соработка со сите студентски организации членки на УКИМ. Како прв чекор, СПУКМ предвидува потпишувањето на меморандуми со сите студентски организации, форуми и други здруженија на граѓани кои работат за интересите на студентите. Соработката би водела кон заеднички проекти кои ќе овозможат студентите во република Македонија да се изградат како здрави, квалитетни и силни лидери.
За подобра афирмација на Студентскиот парламент и активно учество во глобалните високо-образовни процеси, УКИМ, како и на Република Македонија, а земајки го предвид и визното олеснување кое ќе стапи на 1 Јануари 2010 година и ке им овозможи на сите студенти слободно да патуваат во земјите од ЕУ, СПУКМ во наредниот период предвидува развивање на меѓународна соработка со студентските организации од универзитетите ширум светот а посебно од земјите на Европската Унија. Потпишувањето на меморандуми за соработка, организирање и учество на семинари, трибини, летни школи би се промовирала размената на студенти и би се подобрил статусот на нашиот универзитет.
3. Доследно имплементирање на Болоњнскиот процес. Промоцијата и доследната примена на ЕКТ системот кој им овозможува поголема мобилност и eдукација на сите студенти од еден на друг факултет како и мобилност со други факултети и универзитети потписнички на Болоњската декларација во земјата и во странство, како и вклучување во меѓународни образовни програми и научно-истражувачки проекти и максимално користење на придобивките од Болоњската декларација, ќе биде еден од главните приоритети на СПУКМ.
За таа цел ние се залагаме за развој на софтверско решение за интегрирана електронска база на податоци која меѓу другото подразбира електронско пријавување на испити. На овој начин, би се зголемила ефикасноста и експедитивноста на сите факултети, би се намалиле гужвите пред студентски прашања кои губат драгоцено време и би се водела комплетна евиденција на секое студентско досие.
4. Подобрување на студентскиот стандард. Приоритетна е потребата од проширување на државните квоти за професиите барани на пазарот на труд како и намалување на партиципацијата во државните квоти што би било во согласност со општиот стандард на живот во Република Македонија. Поради нискиот стандард и лошата економска состојба која е присутна во нашата држава, а со која се соочуваат голем број семејства, при што тие финансиски се оневозможени своите деца да ги запишат во приватните квоти на факултетите, неопходно е проширување на државните квоти, со што би се зголемил бројот на средношколци (матуранти) кои ќе го продолжат своето образование на високообразовните институции.
СПУКМ предвидува законски измени со цел да им се овозможи на студентите скратено работно време како што е случај во повеќето европски земји, како и овозможување на платена пракса, со цел да се подигне студентскиот стандард и студентите да се здобијат со одредено практично (работно) искуство, а воедно и да се придонесе студентите да имаат поголема мотивираност за добивање на што подобри резлутати во својот образовен циклус.
Лошите услови за живеење во студентските домови наложуваат нивно реновирање кое веќе започна и е во план да продолжи. Поради големата заинтересираност за сместување во домовите предвидено е изградба на нов студентски дом. Студентскиот стандард понатаму би се подобрил и преку подобрување на квалитетот на услугите во студентските мензи и намалување на цените во студентските бифеа. СПУКМ предидува акција во соработка со сите матични парламенти со цел да се намалат цените на сите производи во студентските бифеа, како би биле поприфатливи и подостапни за сите студенти.
Проектот студентски картички е проект кој функционира речиси секаде во светот. Со реализација на овој проект сите студенти од Република Македонија би добиле попустни картички кој што би им го олесниле секојдневното функционирање без разлика дали се работи за јавни, културни, образовни или спортски добра. Овој проект директно ќе помогне за зголемување на студентскиот стандард.
5. Воведување на примарна здравствена заштита за студентите. Отворањето на студентските амбуланти во сите студентски домови со што би се овозможила бесплатна здравствена заштита на сите студенти ќе им овозможат на студентите побрза, поквалитетна и подостапна здравствена заштита.
6. Воспоставување на студентски медиумски простор. Слободни и независни медиуми се еден од главниот предуслов за формирање на младата популација како интелектуален двигател во демократското општество. Медиумскиот простор овозможува навремен проток на информации и го поткрева нивото на критичко мислење.
Ставањето во употреба на студентскиот весник кој ќе се дели бесплатно на сите студенти ќе придонесе за што поголемата информираност на студентите во врска со целокупниот образовен процес на УКИМ, ќе ги инфромира студентите за сите активности на СПУКМ, како и за сите прашања поврзнани директно или индерекнто со студентите. Предвидено е уредници на весникот да бидат студентите од УКИМ.
Отварањето на студентското радио секако ќе биде од голема полза за студентите и ќе претставува уште еден механизам за подобро информирање на студентите со сите случувања. Во програмите на студентското радио ќе бидат опфатени сите актуелни теми што ги засегаат студентите, а секако и сите активности и проекти кои ќе се реализираат од страна на СПУКМ.
Потребата за реализација на нова интернет страница на СПУКМ е од големо значење за студентите. Новата интернет страница која ќе се надоплнува секојдневно со сите новини и активности на СПУКМ ќе придонесе за поголема информираност на студентите околу работата на СПУКМ, поголема транспарентност и интерактивност со студентите што би водело кон зацврстување на довербата во ова тело.
7. Промоција на ИТ меѓу студентите. Новите општествени текови и развојот на новите технологии налагаат примената на информатичката технологија да стане неизбежен дел на високо-образовниот процес.
Инсталирањето на бесплатен интернет во сите студентски домови ќе придонесе сите студенти да можат на еден брз и едноставен начин да бидат во тек со сите светски случувања, а воедно и да можат да дојдат до податоци кои ќе им помогнат да постигнат подобар успех во образовниот процес. Предвидено е и обезбедување бесплатни ИТ обуки за студентите со што тие би ги подобриле своите ИТ вештини и полесно би пребарувале во достапните електронски бази на податоци релевантни за високото образование.
8. Промоција на спортот меѓу студентите. УКИМ како најстара високообразовна инситуција во Република Македонија за жал сеуште не поседува своја сопствена спортска сала. Потребата од итна изградба на спортска сала и нејзината реализација ќе придонесе за враќање на студентите во спортските сали, продолжување на негувањето на спортот а воедно и ќе ги намали високите трошоци кои се трошат од сите членки на УКИМ за изнајмување на спортски сали.
СПУКМ предвидува продолжување на неколкугодишната традиција за одржување на Македонските студентски игри (МСИ) кои се одржуваат секоја година традиционално во градот Охрид, а на која присуствуаат околу 1000 студентти спортисти од целата држава што секако придонесува за подобрување на квалитетот на македонскиот спорт.
За жал најдобрата универзитетска лига последната учебна година не се одржа. Потребно е нејзино итно продолжувње што ќе резултира со континуитет, а ќе доведе и до поголем квалитет. Со одржувањето на овие лиги ќе се отворат можности за сите талентирани студенти - спортисти кои потоа би можеле да го претставуваат УКИМ на меѓууниверзитетска лига како и на Универзијадите кои се одрживаат ширум светот, а сето тоа би придонело за развој на спортот во нашата земја, подобра афирмација на УКИМ како и меѓународна афирмација на Република Македонија. За сите студенти спортисти кои ќе имаат најдобри резлутати СПУКМ инстиуционално ќе лобира да бидат наградени од страна на УКИМ со посебни спортски стипендии.
9. Промоција на културата меѓу студентите. СПУКМ планира да организира културни студентски денови како и културни студентски лета. Културните студентски денови ќе се одржуваат еднаш во годината а на нив ќе можат да земат учество сите студенти. Во текот на културните студенетски денови планирано е да се одржат повеќе манифестации како изложби, концерти, театарски аматерски претстави сите во изведба на студенти од УКИМ. Во текот на културните студентски денови СПУКМ на сите факултети ќе има свои штандови на кои ќе се делат гратис карти за музеи, театри, кина и сл.
На проектот Културното студентско лето е предвидено да земат учество студенти од сите универзитети во РМ како и студенти од други земји. Целта на овој проект е да се промовира културата на нашата земја, да се осознае за културата на други земји и секако да се оствари поголема комуникација и мобилност со студенти од сите земји.
* * * * * * *

.png)







