Студентски правобранител - Кратка Биографија
НИКОЛА ГЛАВИНЧЕ е роден 1987г., во Битола. Средно образование завршил во ДСУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола. Во моментот е студент на втор циклус на студии (Мастер студии) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, правосудна насока, модул по казнено право.
Во досегашниот период бил активен во повеќе организации и институции и тоа: во периодот од 1999 - 2001 бил Претседател на Еколошкото друштво на основни училишта „Колибри“ во Битола, Претседател на Младинскиот Актив при Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола во периодот 2002/2005г., член на Управениот одбор на Француската алијанса во Битола од 2003/2006г., член на Коалицијата за борба против трговија со луѓе „СЕМПЕР“ – Битола, 2004/2008г., како и портпарол на Детското ликовно студио „Мал Битолски Монмартр“ од 2004 до 2009г.
Бил активен и во универзитетската односно студентската средина и тоа: член на Наставно - научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ како претставник на својата генерација од 2005/2009г., Претседател на комисијата за изготвување на нормативни акти за реформа на Сојузот на студенти при УКИМ, 2008г., член на Комисија за евалуација на Универзитетот од редот на студентите во периодот 2007/2009г., член на Комисијата за евалуација на Правениот факултет 2008/2010г. и демонстратор по казнено право на Правниот факултет 2008/2010г.
Покрај тоа, учествувал на студентската научна конференција на студентите од Правните факултети при УКИМ и Универзитетот Ломоносов од Москва, Русија во Охрид во 2005г.; учество и обука за лидерство и комуникација во 2006г., во организација на Данскиот совет – Скопе, Маврово, Охрид; учество на студентската конференција по повод 200 години од формирањето на Универзитетот во Белград, Србија, 2008г.;
Функцијата Студентски правобранител на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје ќе ја извршува две години 2009/2011г.
КОНТАКТ:
e-mail: st_pravobranitel@ukim.edu.mk
тел/факс: 02/3221350;
моб. 072 30 20 20
адреса: Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28/13, Скопје (Палата Кузман)

.png)







